Македонија
ВТОРА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА: Бизнисмените заинтересирани за новите дигитални трендови
Идниот петок (25 октомври) хотелот „Хилтон“ во Скопје ќе биде домаќин на Втората годишна конференција за е-трговија која оваа година се организира под мотото „Бизнис раст со е-трговија“, а во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
И оваа година, Конференцијата ќе биде место каде мноштво на истакнати меѓународни и домашни говорници преку предавања, панел дискусии и неформални разговори, ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата.
– „Водејќи се од предизвиците на учесниците на пазарот на е-трговија, оваа година решивме во фокусот на конференцијата да биде растот на бизнисот кој може да се забрза со правилно водење на е-трговијата, како еден од најзначајните канали за продажба. Главниот акцент ќе биде ставен на интернет купувачот и на модерните маркетинг алатки. Е-трговијата е голем двигател на растот на бизнисот и често ги надминува очекувањата на менаџерите, но единствено со нејзино правилно менаџирање“, изјавуваат од Асоцијацијата.





