Македонија
ИутеКредит Македонија прва финансиска институција која ќе издава Mastercard картичка
Од денес ФД ИутеКредит Македонија ќе биде првата небанкарска финансиска институција во регионот која ќе овозможи издавање на кредитна картичка од брендот Mastercard. За сите постоечки и нови клиенти тоа ќе значи поголема безбедност, брзина и комфор при користење на услугите на ИутеКредит преку поволностите кои ги нуди глобалниот лидер во финансиски услуги Mastercard.
“Нашата мисија во ИутеКредит е да понудиме исклучително корисничко искуство во финансирање на физички лица, надминувајќи ги очекувањата на нашите корисници. Со можноста за издавање на Mastercard картичка за сите наши клиенти сме голем чекор понапред во остварување на истата и во подигање на стандардите во микрофинансирањето во Македонија.” – изјавуваат од ИутеКредит
Успехот е голем и за Мастеркард, имајќи во предвид дека се работи за прв проект во регионот во соработка со небанкарска финансиска институција.




