fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

WIZZ AIR ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Скопје

Македонија

WIZZ AIR ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Скопје

WIZZ AIR ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Скопје

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, најави дека како резултат на пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Република Северна Македонија, авикомпанијата ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 30 април.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Wizz Air се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.