Wizz Air ги отвори своите рути од и до Северна Македонија
Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, на 1ви Јули ги отвори своите рути од аеродромите во Скопје и Охрид. Патниците можат да резервираат карти за 34 различни дестинации до некои од најпопуларните држави како што се Германија, Италија и Шведска.
Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи, за да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.
За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот.




