Вести
МОСТ: „До 17 часот одзивот на гласачите во Центар е 34,55 проценти“
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 15 часот е 29,61%, до 16 часот е 32,21%, а до 17 часот е 34,55%.
Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и мобилните тимови на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:
На ГМ 2830 на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ едно лице се претставило како набљудувач, но со себе не носело беџ, туку само копија од овластувањето од општинската изборна комисија. Лицето се уште е присутно на гласачкото место, иако со себе не ги носи сите документи потребни за набљудување на процесот.



