Актуелно
На Маврово оспособен патот за автомобили, за камиони се уште е забрането
Патниот правец Маврови Анови-Дебар попладневно е оспособен за сообраќај на патнички моторни возила.
Поради врнежи од снег сообраќајот на оваа делница се одвива во отежнати услови и се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила.
Забрана за движење на тешки товарни возила е воведна на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и на патниот правец Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за движење на автобуси, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).


