Актуелно
Саем за вработување и кариера „Контакт 2015“
Саем за вработување и кариера „Контакт 2015.“ ќе се одржи денеска на Технолошко-металуршкиот факултет во организација на студентските парламенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, на Машинскиот и Технометалуршки факултет.
Саемот ќе го отвори заменик-министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска.
Целта на настанот е да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и знаењата на студентите.


