Вести
Најстудено во Демир Капија и Струмица, дневната температура од 6 до 11 степени
Најниска темпертаура од минус осум степени утрово е измерена во Демир Капија и во Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Битола и Берово се измерени минус пет степени, минус четири во Крива Паланка, Виница и Гевгелија, минус три во Прилеп, Лазарополе и Куманово, минус два во Скопје, Дебар и Дојран, минус еден степен во Претор, Крушево и Маврово, нула во Тетово и еден степен над нулата во Охрид.
Утрово е сончево и студено, во северозападните делови со умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер, особено на повисоките места и планините.



