Временска прогноза
Утре врнежи од снег низ целата земја, од понеделник зимски студ до -15
Метеоролозите предвидуваат зимска идила и нови врнежи од снег за утре и во недела во различни делови од земјата. Од понеделник, пак, времето ќе биде стабилно, со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, спуштајќи се и под -15 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предвидува облачно и студено време со врнежи од снег утре. Врнежите на одредени места ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Се предвидува и значителна снежна покривка на планините, над 30 сантиметри, додека во пониските делови може да наврнат од 3 до 10 сантиметри.