Вести
Најзагаден воздухот во Лисиче и кај Ректоратот
Воздухот во последното деноноќие во Скопје најзагаден бил во Лисиче и кај Ректоратот. Мерните станици регистрирале највисоки концентрации во Лисиче во 21 часот од 577 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат се регистрирани 532 микрограми во 22 часот.
Според мерењата на станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоките концентрации во Лисиче се регистрирани во текот на ноќта кога се движат над 500 последнователно три часа, по што паѓаат под 500 во наредните четири часа, но остануваат на високо ниво над 400. Утрово нивото на ПМ10 честичките се на 178 микрограми на метар кубен.
На мерната станица кај Ректорат се измерени највисоките концентрации во 22 часот, по што се намалуваат и достигнуваат до 130 утрово, но на последното мерење се повторно зголемени и изнесуваат 309 микрограми.



