Вести
Над 275 илјади Македонци ја посетиле Грција од почетокот на годината
Над 275 илјади граѓани на Македонија ја посетиле Грција од почетокот на годинава до крајот на септември.
Според податоците на грчките статистички служби, бројот на македонски граѓани кои годинава ја посетиле Грција е за седум проценти поголем од лани.
Македонците начесто патувале во Грција поради туризам, бизнис и шопинг.



