Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Порака од напаѓачот во Менхетн – нападот е во име на ИД (ВИДЕО)

Вести

Порака од напаѓачот во Менхетн – нападот е во име на ИД (ВИДЕО)

Возач на камионет уби осум луѓе и рани 11, вчера попладне во Њујорк возејќи со голема брзина по велосипедска патека на Менхетн. 

Висок полициски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека во камионетот била пронајдена порака, напишана на англиски јазик во која се наведува дека нападот е извршен во името на „Исламска држава“.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио го квалификува нападот како „подмолен терористички акт“.

Дваесет и девет годишниот возач беше застрелан од полицијата откако удри со камионетот во училишен автобус и излезе од него вооружен со воздушна пушка и пушка за пејнтбол. Две деца и двајца возрасни што биле во автобусот се повредени.

Шефот на противпожарната служба соопшти дека од 11-те повредени ниту еден не е во животна опасност. Очевидци изјавиле на полицијата дека напаѓачот извикувал „Алах акбар“ (Господ е голем) излегувајќи од камионетот. Полицијата стрелала кон него и го погодила во стомак и потоа веднаш го уапсила. Напаѓачот е надвор од животна опасност.

Началникот на полицијата изјави на прес-конференција дека истражителите го оквалификувале нападот како „терористички акт“.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо нагласи дека осомничениот најверојатно дејствувал сам.- Засега нема докази дека нападот е дел од поширок план, изјави Куомо.

Мажот е идентификуван како Сајфуло Саипов од Узбекистан, кој во САД влегол во 2010 година. Камионетот што го возел бил со реклама на американската компанија Хоум дипот (Home depot).

Нападот беше извршен во 15 часот по локално време во близина на меморијалниот центар на СТЦ. Меѓу загинатите се петмина Аргентинци и Белгијка. Во соопштение на аргентинското МНР се нагласува дека жртвите се од градот Росарио и биле дел од група пријатели кои празнувале 30 години од завршување образование на улиците во градот. Белгијката била во посета во Њујорк, заедно со својата сестра и мајката. Други тројца Белгијци се повредени во нападот.

Како одговор на нападот, американскиот претседател Доналд Трамп, кој настанот го оцени како дело на „многу болен и ненормален човек“. побара зајакнување на контролата на американските граници.

Во порака на Твитер, Трамп доопшти дека наредил Министерството за внатрешна безбедност да ја зајакне уште повеќе програмата за проверка на странците кои сакаат да влезат во САД.

– Да се ​​биде политички коректен е добар, но не и за тоа!, додаде Трамп на Твитер.

Последен ваков терористички напад се случи на 22 мај, кога поранешен војник со полна брзина со автомобилот влета на плочникот на Тајмс сквер и уби една млада жена и рани 22 лица.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.