Актуелно
Македонија го одбележува Светскиот ден на лица со Даунов синдром
Светскиот ден на лицата со Даунов синдром денеска во Mакедонија ќе биде одбележан со еднодневен инклузивен танц фестивал под мотото „Имам можности, имам избор“.
На фестивалот, што го организираат „Трисомија 21“ – Скопје во соработка со танцовиот клуб Dancers United MK, своите танцувачки способности ќе ги демонстрираат околу стотина изведувачи од Македонија, со и без попреченост, на различни возрасти и во различни танцови дисциплини (модерен танц, латино, народни ора, класичен балет).