Вести
НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Голем број на продолжени неработни викенди во 2018 година
Новата 2018 година е на самиот праг, а ова е календарот на неработни денови за 2018, согласно Законот за празници во РМ.
За сите граѓани на Република Македонија, неработни денови се:
– 1 јануари (понеделник), Нова Гoдина
– 7 јануари (недела), Божиќ, со што 8 јануари (понеделник) нема да се работи
– 9 април (понеделник), втор ден Велигден
– 1 мај (вторник), Ден на трудот
– 24 мај (четврток), Ден на сесловенските просветители
– 15 јуни (петок), прв ден на Рамазан Бајрам
– 2 август (четврток), Ден на Републиката
– 8 септември (сабота), Ден на независноста
– 11 октомври (четврток), Ден на народното востание
– 23 октомври (вторник), Ден на македонската револуционерна борба
– 8 декември (сабота), Св. Климент Охридски


