Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Измамен пар од Скопје на одмор во Тајланд тврди дека агенцијата не го платила патувањето

Вести

Измамен пар од Скопје на одмор во Тајланд тврди дека агенцијата не го платила патувањето

Туристи од Македонија кои отпатувале на одмор во Тајланд се во шок откако дознале дека агенцијата преку која е направен аранжманот целосно ги нема покриено трошоците.

Кристина Најдовска и нејзиното момче тврдат дека се измамени од агенцијата Одморисе.мк, иако целосно ја уплатиле сумата за аранжманот неколку недели пред тргнувањето.

Во моментов патниците самите се снаоѓаат и повторно плаќаат за авионските билети и хотелските услуги.

– „Имавме аранжман од 11 дена во Пукет и 2 дена во Бангкок. Уште на почетокот ваучерите ни доцнеа, по сите молби по телефон, ни ги доставија ден пред патување иако средствата целосно им беа исплатени скоро две недели однапред. Самото пристигнување во хотелот беше шок, на уплатена соба со појадок и вечера, ни соопштија дека аранжманот е откажан. По неколку часа неизвесно чекање во лобито на хотелот, добивме информација дека од друга агенција предмалку била направена резервација на наше име, но без вклучен полупансион – појадок и вечера.“ – изјави телефонски Кристина.

Водејќи се од ова негативно искуство, тие веднаш се јавиле во Бангкок ервејс за да ги проверат авионските билети за следната дестинација, од каде доживеале поголем шок.

– „Среќа што се јавивме во Бангкок ервејс за да ги провериме авионските билети за Бангкок, вториот дел од аранжманот, од каде добивме информација дека билетите биле предрезервирани, но откажани поради тоа што агенцијата не извршила уплата. Добро е што се јавивме 24 часа пред летот, па успеавме сами да си платиме и резервираме авионски лет, инаку ќе останевме заглавени на аеродром.“ – вели таа.

За сагата да биде уште поголема, тие се јавиле и да ја проверат резервацијата во хотелот во кој требале да бидат сместени во Бангкок, но и таму резервација не постоела.

– „Утрово, откако веќе медиумите се јавиле во агенцијата, добивме повик од сопственикот Ненад кој ни кажа дека хотелот во Бангкок бил сменет поради тоа што имале лошо искуство со тој хотел, кој патем ни беше препорачан од агенцијата, и дека сме имале резервација за друг хотел, за што никој воопшто не нѐ известил. Замислете да немавме дополнителни парични средства, што ќе правевме, ќе спиевме на плажа?“ – додава Најдовска.

Редакцијата на Популарно.мк се обрати и до туристичката агенција „Одморисе.мк“, од каде сопственикот Ненад Марковски целосно ги демантираше кажувањата.

– „Јас не сум точно запознаен што тие тврдат, но демантирам дека агенцијата нема уплатено за аранжманот. И на нив им кажав, дали тие отишле на аеродром да проверат дека навистина немаат билети? Целосно ги демантирам овие тврдења.“ – изјави телефонски Марковски.

Младиот пар од Скопје тврди дека ги чува сите е-маил комуникации и пораки со агенцијата, но и со хотелите и авионските компании и вели дека овој случај ќе го решаваат по судски пат до финална развршница.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.