Актуелно
Невремето направи проблеми во сообраќајот во Скопје (ВИДЕО)
Невремето со силен дожд и ветер што попладне го зафати Скопје предизвика проблеми во сообраќајот. Покрај поплави од краткотрајниот интензивен дожд на улиците се паднати гранки од дрвја. Најкритични се кружниот тек кај хотел „Континентал“, како и подземните премини кај Бутел и булевар „Србија“.
Надлежните јавни претпријатија работат на расчистување на сообраќајници и нормализирање на сообраќајот.
Покрај во Скопје невреме со посилен интензитет имаше и во Струмица и во Штип.



