Вести
Нов дневен весник во Македонија, „Независен весник“
Македонскиот медиумски простор од денеска ќе биде збогатен со „Независен весник“, кој со динамика на дневен весник ќе почне да се дистрибуира во Скопје и низ повеќе градови во Македонија, преку сопствена колпортерска мрежа.
Концептот на весникот е да разработува вести и теми од политиката, економијата, културата, социјалната заштита, спортот, шоу бизнисот, сето она што е предизвик за јавноста. Редакцијата на „Независен весник“ е комбинација од долгогодишни искусни и млади новинари.
– Ќе има актуелни теми, новинарски разработени од различни аспекти, спротивставени ставови, длабински анализи, мислења, од перспективи за кои што сметаме дека треба да добијат на гласност. „Независен“ ќе биде збогатен со лични ставови и колумни на етаблирани, но и на свежи лица на домашната општествена сцена. Уредувачката политика е отсликана и во нашиот слоган: Читај Вистина, биди Независен!, најави главниот уредник на „Независен весник“ Слободанка Јовановска.


