Актуелно
Во сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ загина новинарката Сузана Тодоровска Павловска
Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио.
Таа го загуби животот пред ТЦ „Зебра“, откако во неа удри патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од возач од Скопје (1978).
Во несреќата возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на улицата „Народен фронт“. Како последица на несреќата, Тодоровска Павловска им подлегнала на повредите, а возачот и сопатникот на патничкото моторно возило се здобиле со полесни повреди.



