Вести
Променливо облачно со засилен ветер
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 12 до 19 степени.



