Актуелно
НОВА ГОДИНА: Најмладиот пациент примен на токсикологија имал само 14 години
Во текот на новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија се примени 30 лица под дејство на алкохол, од кои 60 отсто се машки, а 40 отсто женски лица, малолетни под 18 години биле шест, од кои најмалата има 14 години.
– Главно се работеше за интоксикации со алкохол, додека во три случаи биле со марихуана и со психоактивни супстанци како што се екстази и други разни таблети, изјави в.д. директорот на Клиниката, Нестор Поповски кој додаде дека сите примени лица завршија добро, испратени се дома и никој не е задржан на натамошно лекување.
Посочи дека од трите лица кои биле примени со марихуана едното било малолетник, а двајцата биле повозрасни.



