Актуелно
Објавен повик за бесплатен викенд за пензионерите за 2016
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети пензионерите кои преку проектот на Министерството престојуваат на бесплатен викенд во Охрид, при што соопшти дека денеска е објавен и повикот за бесплатен туристички викенд за наредната 2016 година.
Тој истакна дека оваа година преку овој проект три илјади пензионери веќе ја користат услугата бесплатен викенд. Станува збор за дел од Програмата на Владата, за чија реализација за оваа година се издвоени околу 12 милиони денари.
– Продолжуваме со резлизација на проектите што се од интерес на пензионерите. За 2016 година предност ќе имаат оние пензионери што се со пониски примања, лица со телесен инвалидитет, како и рударите кои работеле во подземни ископи, истакна министерот Спасов.



