Вести
Притвор за две лица од Скопје за продажба на хероин
СВР Скопје во два одвоени случаи до Основното Јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против З.Ј. (53) И М.Л. (31) и двете лица од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
МВР денеска соопшти дека судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Во првиот случај пријавениот З.Ј. во текот на минатиот месец од засега непознато лице набавил неодрена количина хероин која ја препакувал во помали паковки и ги држел во својот привремен дом и во неговото возило со намера дрогата да ја препродава на лица-уживатели.



