Вести
Облачно и студено со умерен ветер
Облачно и студено време ќе преовладува денеска во Македонија, со умерен до засилен северен ветер.
Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе се спушти до минус три степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.



