Вести
Облачно со сончеви периоди и слаб ветер
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, претежно од северен правец, но повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста.
Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно. Во утринските часови ќе има умерена облачност, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.



