Вести
Од сабота нагло заладување со пад на температурата од повеќе од 15 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, а во западните делови ќе дува умерен до засилен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со температурата од девет до 26 степени.



