Вести
Од Скопје до Будимпешта за 1.199 денари!
Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа и лидерска авиокомпанија во Македонија, денес ја објави новата рута од Скопје до главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Најновата услуга на WIZZ ќе започне на 2 Април и ќе се спроведува два пати неделно, во среда и недела. Седиштата се веќе на продажба и можат да се резервираат за само 1.199 МКД на wizzair.com
Будимпешта е популарна дестинација како од бизнис аспект, така и за туристите кои патуваат за задоволство. Покрај неговата погодна локација, во срцето на Европа, познат е по своето богато културно наследство, одлична кујна и богат ноќен живот. Со новата рута, WIZZ исто така нуди 58 други дестинации од својата база во Будимпешта, отварајќи им можности на македонските патници да патуваат низ цела Европа по најниските цени на Wizz Air.



