Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Умерено облачно со снег на планините – викендот ниски температури до -10 степени

Вести

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Умерено облачно со снег на планините – викендот ниски температури до -10 степени

Најниска температура во државава изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус осум степени, по што следат Струмица, Тетово, Скопје Петровец, Лазарополе, Демир Капија, Битола и Дебар со минус пет,  Куманово, Ѓуриште, Гевгелија, Скопје Зајчев Рид, Пожаране и Прилеп со минус четири, и Виница, Штип, Крива Паланка и Тополчани со минус три. Минус два степена се регистрирани во Претор, Маврово, Охрид и Дојран, а нула во Крушево.

Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде умерено, во северните делови значително облачно со услови за провејување на слаб снег на планините. Ќе дува умерен, а на југоисток повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер и температура до 4 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринската температура ќе се движи од  -10 до -3, а дневната од 0 до 6 степени.

До понеделник времето ќе биде претежно сончево и студено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени. Од понеделник кон крајот на денот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.