Актуелно
Од утре ќе се разговара поевтино во роаминг кон Србија и Босна и Херцеговина
Од утре ќе се разговара по пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, согласно потпишаната Спогодба меѓу државите во септември лани.
Според договорот, за минута појдовен повик ќе се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака ќе се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет ќе чини 43 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а ќе важат до 30 јуни следната година, по што ќе следи ново намалување.
Тогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,76 денари, СМС порака 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,6 денари. Од 1 јули 2017 година, пак, цената за минута разговор треба да чини 11,6 денари, СМС-пораката да се намали на 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.


