Актуелно
Остатоците од урнатиот авион на вештачење
Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесувањето на остатоците од урнатиот авион ќе продолжи и денеска, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Екипи, како што наведуваат од Обвинителството, од вчера на местото на настанот работат на подигање и пренесување на остатоците од авионот, кои во текот на увидот беа означени и обезбедени. Остатоците и другиот материјал ќе бидат пренесени на локација обезбедена од ОЈО Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење.
– Завчера заврши снимањето со дрон на местото каде се случи авионската несреќа во близина на село Кожле, скопско. Во вечерните часови се изготвени снимките и предадени на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. Снимките во корелација со останатиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и стручните лица од формираниот тим за истрага на авионската несреќа, се наведува во соопштението од Обвинителството.



