Вести
ПЈОНГЈАНГ: Лансиравме ракета со дострел до цела територија на САД
Пјонгјанг потврди дека извршил ракетно тестирање. Северна Кореја успешно истрела нов тип интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-15″, која има дострел до САД, беше објавено на севернокорејската државната телевизија.
Тестираната интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-15″ може да носи нуклеарна боева глава и има дострел до целата континентална територија на САД.
Во телевизиската порака прочитана од портпарол, се вели дека ракетниот тест бил извршен по лична наредба на лидерот Ким Џонг-ун.



