Актуелно
Паметна машина која ќе рециклира тврд отпад победи во климатскиот предизвик „Од тебе зависи“
Re-Bot, паметна машина – за надминување на предизвиците на тврдиот отпад го освои првото место на натпреварот за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност.
Идејата на тимот на Re-Bot, составен од Тамара Димитрова, Борко Јовановски и Стојан Димитровски вклучува и игра во која натпреварувачите можат да добијат поени и награди кога активно ќе рециклираат отпад како пластика и лименки.
Втората награда ја освои идејата за употреба на зеолити во борбата со емисиите на штетни гасови, а третата награда отиде за концептот на Еко Билборди за прочистување на воздухот.



