Вести
Папата Франциско повика на мир во Македонија (ВИДЕО)
По немилите настани и насилието кои изминатата недела се случија во Собранието на Република Македонија, светската јавност се јави со своја реакција.
Голем број од светските медиуми пренесоа за ситуацијата во нашата земја, а своја молитва за Македонија кажа и папата Франциско во својата миса.
Папата Франциско на вчерашната миса ја истакна важноста на демократските вредности во ова општество, а со тоа ја соопшти и својата загриженост за случувањата во Македонија.


