Вести
„Плати со поезија“ – глобална кампања на Јулиус Мајнл
По повод Светскиот ден на поезијата 21 Март, Скопје вторпат се приклучува во глобалната кампања „Плати со поезија“ организирана од познатиот бренд на кафе Јулиус Мајнл.
Како и во повеќе од 30 градови во светот, и скопјани денеска ќе може да испијат кафе или чај и да го платат со поема.
Акцијата ќе трае од 10 до 17 часот во угостителските објекти: „Наргиле“ во чаршија, „Венето“ во Скопје Сити мол „Паладиум“ во Капиштец, „Дион“ на Кеј и „Баду“ во Порта Влае.



