Актуелно
Најмалку 13 загинати и 35 ранети во нападот на аеродромот во Брисел
Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинаа, а 35 се ранети во терористичкиот напад што се случи утринава на меѓунардониот аеродромот во Брисел, јави дописникот на МИА од Брисел.
Пред двете експлозии, што се случиле една по друга, на терминалот за полетување на аеродромот „Завентем“ во Брисел, се слушнале истрели и повици на арапски јазик.
Засега е потврдено дека нападот, што се случи во 8 часот, бил изврешен од бомбаш-самоубиец.



