Актуелно
По утринските -2, попладне до 25 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината. Највисоката дневна температура ќе се искачи до 25-тиот степен, а најниската измерена утринава е -2 степени во Берово.
Во Скопје утрово се измерени 5 степени, а дневната максимална ќе се движи до 23 степени.
Времето во Македонија утре ќе биде сончево, а попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата благо ќе опадне и ќе се движи од 16 до 23 степени.


