Вести
Почнува бесплатното микрочипирање на милениците
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска во Универзитетска ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина ќе аплицира микрочип на домашен миленик. Со тоа и официјално ќе го означи почетокот на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици – кучиња и мачки.
На настанот ќе присуствуваат и претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски, како и професорот Пламен Тројанчанец од Ветеринарната болница.
Бесплатната идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.



