Девојка со раце турна мечка за да ги спаси кучиња (ВИДЕО)
17-годишна девојка од сојузната американска држава Калифорнија беше одлучна кога станува збор за спасување на своите домашни миленичиња, па со голи раце и без страв турна мечка од оградата на дворот на нејзината куќа.
На виралното видео кое стана хит на социјалните мрежи, се гледа како девојката притрчува во дворот, а кога ја видела мечката качена на ѕидот како ги напаѓа кучињата, ја турнала преку оградата.