Вести
ВИКИЛИКС: Скопје уште во 2008 година се согласило за „Република Северна Македонија“
Уште во 2008 година официјално Скопје дало согласасност за промена на уставното име во „Република Северна Македонија“ ,,под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“, се наведува во документ на американската амбасада во Скопје што го објави Викиликс, а го пренесува порталот Катимерини.
Доверливиот документ на американската амбасада под наслов „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за името“, е од 29 јули 2008 година, а го составила тогашната американска амабасадорка во Македонија Џилијан Миловановиќ.
Документот покажува дека целите на Македонија не се многу променети во последната деценија и дека во одредена мерка се постигнати со грчко-македонскиот договор од јуни годинава.


