Вести
Поголем дел од Македонија утринава со температури под нулата – од понеделник затоплување
Во поголем дел од Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено било во Лазарополе каде минималната температури изнесувала – 8 степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран каде се измерени 3 степени.
Според попдатоците на Управата за хидрометеролошки работи до 08:30 часот, освен во Лазарополе студено било и во Маврово и Крушево каде се измерени -6 степени, потоа во Берово -5, во Крива Паланка -4, во Пожаране и Битола -3, Тополчани, Виница, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Штип и Скопје Петровец -2 и Претор, Струмица и Демир Капија -1. Нула степени се измерени во Куманово, а 1 степен над нулата во Скопје.
Снег од еден сантиметар сѐ уште има во Маврово.



