Вести
Референдум во Гевгелија – гласањето се одвива без проблеми
Гевгеличани денеска на референдум се изјаснуваат дали се за отворање на рудници на злато по најавите дека канадски компании сакаат да добијат дозвола за експлоатација на злато на планината Кожув.
Според Гордана Попкочева, претседателката на Општинската изборна комисија, гласачкиот матријал е дистрибуиран до сите изборни места, а формирани се и сите избирачки одбори.
Право на глас имаат 19.458 жители кои ќе се изјаснуваат на 37 избирачки места. Вчера своето право имаа можност да го остварат 30 затвореници и четири болни лица.



