Актуелно
Посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево
За безбедно и непречено празнување на Илинден, СВР Битола најави посебен сообраќаен режим за денеска и утре (1-ви и 2 август) во Крушево.
Вечер од 18 часот до полноќ ќе биде забранет сообраќајот за сите видови возила по главната сообраќајница во градот – од влезот на Крушево, место викано Стара бензинска, до крстосницата „Тагас“, а возилата можат да се движат заобиколно преку хотел „Монтана Палас“ до Спомен-куќата на Тодор Проески и месноста Гумење.
Сообраќајот по главната сообраќајница утре (2 август) ќе биде забранет во периодот од 9 до 11 часот, а од 10 до 13 часот ќе биде забранет сообраќајот од местото викано Бензинска пумпа до месноста Мечкин Камен.



