Вести
Постигнат договор – Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет
Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот што го постигнаа Македонија и Грицја во процесот на преговорите за решавање на спорот за името, известува Македонската информативна агенција.
Ова го соопшти вечерва на прес-конференција премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри во Владата.
Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН – македонски, macedonian, без фуснота. Националноста е македонска/граѓани на Република Северна Македонија и соодветно на англиски јазик.


