Вести
Сончево и топло до 36 степени – од утре нестабилно и пад на температурата
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени,а дневната температура од 23 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со утринската температура до 18 и дневна до 33 степени.



