Актуелно
ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Облачно, претпладне дожд, на планините снег
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер, а во јужниот дел од земјава повремено ќе се засилува.
Температурата ќе се движи од два до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер.


