Актуелно
Претпладне сончево, попладне нестабилно
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот.
Повеќе услови за нестабилност ќе има повторно во југоисточниот дел на земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 23 до 30 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7.



