Актуелно
Сончево со мала облачност и слаб ветер
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи во јужните делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 20 до 26 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени.



