Вести
Променливо облачно со дожд, на планините снег
Времето во Македонија е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Изутринава не се забележани минусни температури. Најстуденот било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во Куманово 1, во Пожаране и во Крива Паланка 2, во Претор, Берово, Скопје Петровец и Тополчани 3 степени, во Скопје Зајчев Рид, Дебар, Штип, Прилеп и Тетово 4 степени, во Виница и Охрид 5 степени, во Битола и Демир Капија 6, во Струмица 7 и во Дојран и Гевгелија 8 степени.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Крива Паланка 23 литри на метар квадратен, 17 во Дебар, 16 во Скопје Зајчев Рид и Куманово, во Берово, Охрид и Лазарополе 12 литри на метар квадратен.



