Вести
Променливо облачно со кратки сончеви периоди
Во Македонија претпладне времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во источните, кон крајот на денот во јужните делови од земјава, каде се очекува да бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната температура од 16 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 21 степен.



