Актуелно
Пронајдени телата на сите шест загинати патници од урнатиот авион
Увидните екипи ги пронајдоа телата на сите шест загинати патници – пет мажи и една жена, на местото каде што вчера попладне се урна приватен авион „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“ со германски национални ознаки, сопственост на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“ од Тревизо, Италија, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
– Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина каде што во наредниот период по налог на Јавен обвинител ќе следи постапка за идентификација, наведува Обвинителството.
Како што објавија италијанските медиуми, со авионот управувал 59- годишниот пилот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот, 62-годишниот Дарио Бастасин, Лука Дале Муле, одговорен за администрацијата во клубот, и Ангело Калегари, како и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.




