Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пронајдено исчезнатото девојче од Кичевско

Вести

Пронајдено исчезнатото девојче од Кичевско

Пронајдено е двегодишното девојче кое синоќа беше пријавено за исчезнато кај селото Кленоец.

– Девојчето е живо и здраво. Пронајдено е меѓу селата Кленоец и Извор во дол, околу 15 часот. Детето го пронајдоа полициски службеници кои од утрово пребаруваа, а имаше вклучено кучиња трагачи и дрон. Врз детето ќе се изврши медицински преглед и разговор со претставник од Центарот за социјални работи, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде дека се работи за акција која почнала синоќа во 21.10 часот од полицијаците од Кичево и месното население, по добивањето на пријавата за исчезнување.

– Потрагата траеше до доцна во ноќта, а продолжи утрово со околу 20 полицајци и населението. Теренот беше многу лош и тешко пристапен, но со добра организација девојчето е пронајдено, рече Димоски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.